Излезе уште еден трејлер за долгоочекуваното интервју на принцот Хари (36) и неговата сопруга Меган Маркл (39) со водителката Опра Винфри (67), а фокусот, секако, е на нивниот однос со кралското семејство.
Си-би-ес прво објави исечок од интервјуто во кој Хари зборува за тоа како тој само сакал „историјата да не се повтори“, алудирајќи на односот што неговата почината мајка Дијана го имала со кралското семејство, но сите очекуваат дека изјавите на Меган ќе бидат оние што сериозно ќе го разнишаат семејството. На таа патека е и инсертот што споменатата ТВ-мрежа го открила на својот канал на Јутјуб.
– Не знам зошто тие очекуваа да молчиме по сето ова време и откако стана јасно дека и самите тие активно учествуваа во атмосферата на линч против нас и ги поддржуваа лагите што беа пласирани. Сакавме тоа да престане, а во тој момент повеќе немаше што да изгубиме. Едноставно веќе сè беше изгубено – ѝ рекла Меган на водителката во најавата за интервјуто.
Опра заклучила дека рекле некои мошне шокантни работи, а помпезно најавуваното интервју „Опра со Меган и Хари: Си-би-ес прајмтајм спешл“ ќе се емитува на 7 март.
ФОТО: Си-би-ес/Јутјуб