Меган од Хари понекогаш имала самоубиствени мисли – златна, ела при нас, стално ќе имаш!

2,244

Ќе ни ја носеле „Европа дома“.

Ок ако си купвит сама јадење, з’ш јас не можам да ја издржвам!






***

А да пуштите некој од министрите што не се заразиле да нѐ убедуваат колку е добар полицискиот час.

З’ш малку е глупо Спасовски, шо бацвит рака кај ќе стигнит, да ни држит лекции за мерки.

***

Се вика „полициски час” пошо е најглупа мерка на свет!

***

Од 10 навечер до 5 сабајле не смееш да излезеш од дома, па во 8 ти идат попишувачи што претходно прошетале во 30-40 домаќинства, во 12 излегуваш на кафе во полн кафич без маска и вечерта пак се затвораш дома за да се заштитиш од корона.

Има логика…

***

Ако полицискиот час трае две недели, дали тоа значи дека повторно „наредните две недели се клучни“?

***

Замислете тек шо ќе се дешаваше да не организиравме брзи избори сред пандемија и да останевме со нестабилни институции…

***

Да појдеа Меган и Хари кај Оливера Трајковска на интервју уште ќе траеше муабетот.

Поточно Оливера ќе го поставуваше второто прашање.

***

Меган од Хари понекогаш имала самоубиствени мисли.

Златна, ела пресели се тука, ќе те вработиме во текстилна фабрика и ќе имаш самоубиствени мисли нон-стоп.

***

Тоа што од почетните букви на презимињата на Клара Цеткин и Роза Луксембург се добиваат иницијалите на Цветанка Ласкова, само покажува кој е вистинскиот борец за женски права.

***

Нешто ги нема оние – „е па ај ако не да го вратиме вмро”.

Или немаат проблем кога Заев го враќа?

***

Тоа што полтроните од СДСМ се на иста страна и имаат исти ставови со Ивица Коневски и Никола Тодоров, а не гледаат никаков проблем во тоа, кажува дека никогаш и не биле против режим, туку биле за режим од кој ќе имаат лична корист.

***

Да го парафразирам Заев: „За да се департизира администрацијата треба двете партии што ја партизираа да се заедно во Влада.”

И полтроните си ќутат, пошо нив не им е проблем било кој да е во влада, сѐ додека капнува по некој хонорар и по некое грантче. Само љубов луѓенца!

***

Нели украдоа 5 милијарди дпмне? Зошто би правеле влада со нив?

Да ви покажат како и вие да украдете?!

***

Ахмети контра Заев за заедничка влада: „Некој мора да биде и опозиција.”

Нормално. Било кој освен Али.

(Од афоризницата на Иљче Затаракоски)

Поврзани содржини