Меган Маркл утре полни 40 години: Протекоа детали од роденденската прослава и какво изненадување ѝ подготвува Хари

488

Меган Маркл ќе го прослави својот 40-ти роденден на 4 август, а деталите за гламурозната прослава протекоа во јавноста.

Имено, Меган, наводно, го ангажирала професионалниот организатор на забави, Колн Кови, по препорака на водителката Опра Винфри.






Роденската прослава ќе биде посебна, а ќе се одржи во нивниот дом во Санта Барбара. Кови е задолжен за организирање на прославата во куќата на побегнатиот кралски пар вреден 14 милиони долари, а според пишувањата на странските медиуми, на роденденската забава би требало да има околу 65 гости.

– Меган покани 65 луѓе на прославата, вклучувајќи ги и нејзините најблиски пријатели и семејството. Опра ѝ го препорача Колин, бидејќи тој организира генијални забави – изјавил извор близок до војвотката од Сасекс.

На роденденската забава, очигледно е дека ќе присуствува и самата Опра со која Меган се спријатели откако таа и Хари се преселија во Америка, а особено откако пред неа ексклузивно зборуваа за односите во кралското семејство и причините за преселувањето.

Меган Маркл, како што е познато, ги сака роденденските забави, што и самата напишала во својот, сега веќе избришан блог „The Tig“, кој го водеше додека не се омажи за Хари.

– Мајка ми секогаш ми велеше дека родендените се нашите лични Нови години, тие се можност да донесеш одлуки само за себе и да одлучиш што сакаш да направиш во новата година пред тебе – напиша Маркл во 2016 година.

Принцот Хари наводно нарачал торта од локалната слаткарница за роденденот на неговата сопруга, додека ќе се служи и локална храна, како и вино од околните лозја.

 

 

Поврзани содржини