Меган Маркл се исклучи од сите социјални мрежи

833

Меган Маркл, сопругата на британскиот принц Хари, веќе нема профили на социјалните мрежи и вели дека не е запознаена со тоа што се пишува на интернет. Принцот Хари, пак, го деактивирал нивниот заеднички профил на Инстаграм и на Твитер.

Меган Маркл на самитот „Најмоќните жени од идните генерации“, кој го организира магазинот „Форчун“, рекла дека подолго време не е на социјалните мрежи и дека тоа е нејзин личен избор да нема профил на ниедна социјална мрежа. Таа додава дека не знае што се пишува за неа на интернет и дека тоа било од голема помош за неа и за нејзиното семејство.

Поранешната актерка неколку месеци води кампања против негативните ефекти на социјалните мрежи.

Поврзани содржини