МЕГАН МАРКЛ ПРВПАТ ВО ЈАВНОСТА ПО ПОРОДУВАЊЕТО Прошета низ Њујорк во моќна комбинција (ФОТО)

510

Принцот Хари (37) и Меган Маркл (40) ја започнаа својата тридневна посета на Њујорк и Светскиот трговски центар, а ова е и нивно прво официјално појавување откако го напуштија кралското семејство и се преселија во Калифорнија во 2020 година.

Облечени во црно, тие изразиле сочувство до жртвите кои загинаа во терористичкиот напад на кулите близначки на 11 септември 2001 година, како и на нивните семејства и пријатели кои ги останале без своите сакани.






Меган носела елегантни долги панталони, ролка и долг капут коишто ги искомбинирала со високи потпетици, со женствени бисерни обетки и златен часовник. Нејзината шминка била дискретна, а косата ја врзала во ниска пунџа. Сѐ делувало многу шик и изгледало ефектно и моќно.

Хари носел црн костум, бела кошула и вратоврска, како што И доликува на ваков настан.

Како и обично, двајцата цело време се држеле за раце, а Хари им мавтал на фановите кои го довикувале по име. Тие се сретнале со бројни политички фигури од Њујорк.

Megan Markl, Princ Hari

Megan Markl, Princ Hari

ФОТО: Инстаграм/ EPA/PETER FOLEY

Поврзани содржини