МЕГАН МАРКЛ ПРИЗНА ДЕКА Е „ПОСЕБНА“ Првпат јавно одговори на обвинувањата дека го излудувала сопствениот персонал
Војвотката за првпат јавно одговори на обвинувањата на вработените во палатата во Лондон дека е тешка и дека го излудувала сопствениот персонал.
Во подкастот „Archetypes“, војвотката од Сасекс ја коментираше ситуацијата во која се наоѓа со месеци. Таа за првпат јавно одговори на обвинувањата на вработените во палатата во Лондон дека е тешка и дека го излудувала сопствениот персонал. Според неа, секој треба да може да го искаже своето мислење.
„Јас сум посебна, мислам дека високата плима ги крева сите бродови, сите ќе успееме па заедно да се погрижиме сѐ да биде навистина одлично бидејќи тоа е заеднички успех за сите“, метафорично објаснила Меган Маркл.
Војвотката исто така признала дека и таа чувствувала стрес во палатата бидејќи морала внимателно да ги бира зборовите за да не биде сфатена негативно. Честопати долго размислувала како да каже нешто и чувствувала голема несигурност и потреба од потврда.
Други „скршени“ кралски соработници раскажаа како биле доведени до солзи со малтретирање и изливи на бес, но Меган отсекогаш ги оспорувала сите тврдења за малтретирање. Нејзината асистентка Саманта Коен дала отказ поради Меган, а тоа обвинение Меган категорично го отфрлила и негирала.
„Само кажи што ти треба. Дозволено е да се постави граница. Дозволено е да бидете јасни, тоа не ве прави дека премногу барате. Не ве прави тешки, ве прави јасни“, смело рече таа.
Покрај тоа, таа признала дека му се вратила на стариот порок – кафето. Иако редовно пиела кафе додека се занимавала со глума, престанала да пие кафе во Велика Британија, но кога се вратила во САД, ѝ се вратило претходното темпо на живот, а со тоа и старите навики.