Меган Маркл победи на суд против британскиот таблоид кој го објави нејзиното писмо пратено до татко ѝ

399

Меган Маркл, сопругата на принцот Хари, го доби судскиот спор во Велика Британија против издавачот на таблоидот „Мејл он сандеј“, кој го тужеше за нарушување на приватноста затоа што објавија писмо упатено до нејзиниот татко.

„Тужителката очекуваше содржината на писмото да остане приватна“, процени судијата Марк Ворби.






Меган Маркл ги тужеше „Асошиејтед њузпејпер“, кој ги издава „Мејл онлајн“, „Дејли мејл“ и нејзината неделна верзија на „Мејл он сандеј“, за нарушување на приватноста објавувајќи делови од ракописното писмо што го испратила во август 2008 година до нејзиниот татко, Томас Маркл. (76), со кого е во затегнати односи.

Писмото го напишала неколку месеци по нејзината венчавка со Хари во мај, на која нејзиниот татко не присуствувал поради здравствени проблеми.

Во писмото таа го замолува својот татко да престане да ги лаже медиумите дека војводата и војвотката од Сасекс наводно се развеле.

Се очекува издавачот да се жали на пресудата.

 

 

 

Поврзани содржини