Уредникот на списанието „Мејл он сандеј“, британскиот таблоид ја наруши приватноста на Меган Маркл со обајвувањето на нејзиното писмо упатено до татко ѝ, мора да ѝ исплати 450.000 фунти, односно 520.000 евра, за трошоците во судската постапка, откако таа неодамна го доби спорот.
На рочиштето во вторникот во видеоврската судијата Марк Варби ѝ наложил на групацијата „Асошиејтед њузпејперс“ да изврши уплата во тој износ. Адвокатот на војвотката од Сасекс Јан Мил барал 750.000 фунти.
Адвокатите на весникот рекле дека имаат намера да се жалат на пресудата, а адвокатот на Маркл побара по пресудата изречена минатиот месец на насловната страница на весникот да биде објавено јавно извинување.
Поранешната американска актерка го тужеше издавачот „Асошиејтед њузпејперс“, кој ги издава весниците „Мејл онлајн“, „Дејли мејл“ и неговата неделна верзија „Мејл он сандеј“, за кршење на приватноста со издавањето на делови од рачно напишаното писмо коешто таа во август 2018 година му го испратила на татко ѝ Томас Маркл (76), со кој е во затегнати односи. Таблоидот го објави писмото во 2019 година.
Меган Маркл писмото го напишала неколку месеци по венчавката со принцот Хари, на коешто нејзиниот татко не се појави поради здравствени проблеми. Во писмото таа од татко си бара да престаен да ги лаже медиумите дека војводата и војвотката од Сасекс наводно ја раскинале врската.
В недела, на 7 март во Америка ќе биде емитувано интервјуто коешто со принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркел го направила познатата американска телевизиска водителка Опра Винфри. Тоа ќе биде првото интервју кое го даваат за медиумите војводата и војвотката од Сасекс откако минатата година се доселија во американската сојузна држава Калифорнија.
Пред преселбата, двојката се жалеше на односто на британските таблоиди кон Меган, чијшто татко е белец а мајка ѝ е афроамериканка, а според нив некои постапки ексалирале до ниво на малтретирање и расизам. Бакингемскиот дворец претходно во февруари објави дека Хари и Меган повеќе не може да се вратат на должноста активни членови на британското кралско семејство, од што тие една година претходно се откажаа најавувајќи дека сакаат да се осамостојат.