📷 МЕГАН МАРКЛ ОТВОРИ ПРОФИЛ НА ИНСТАГРАМ Еве што објави и по што се разликува војвотката од Сасекс
Нејзиниот профил на Инстаграм не е како профилите на другите познати личности. Војвотката од Сасекс отвори профил на Инстаграм за нејзиниот нов бренд за животен стил - American Riviera Orchard.
Меган Маркл се врати на Инстаграм. Но, нејзиниот профил на Инстаграм не е како профилите на другите познати личности. Војвотката од Сасекс отвори профил на Инстаграм за нејзиниот нов бренд за животен стил – American Riviera Orchard.
За неколку часа, инстаграм-профилот на Меган има повеќе од 300.000 следбеници.
Меган на својата инстаграм-приказна објави и видео во кое реди букет бели рози и готви. Видеото е поставено на песната „I Wish You Love“ од Ненси Вилсон.
View this post on Instagram
Меган го лансира брендот со седиште во Монтесито како продолжение на нејзиниот стар блог Tig, на кој пишуваше за начинот на живот, храната и модата, а го затвори откако се сврши со принцот Хари.
American Riviera Orchard ќе се фокусира на домот, градината, храната и општиот стил на живот, пишува „Харпер базар“.
Пријателот на Меган зборуваше за основањето на брендот минатата година.
– Меган работи на создавање на нешто безбедно и безвременско. И нешто што нема да биде обвинето дека се вози на грб на нешто кралско – рекол тогаш еден пријател.
„Таа работи на ова повеќе од една година и сето тоа и е блиску до срцето, сите работи за кои е страсна“, изјавил извор близок до војвотката за „Пејџ сикс“.
View this post on Instagram
Веб-страницата, исто така, не открива многу повеќе, нудејќи им на посетителите да ја остават својата е-пошта за да добиваат ажурирања. Се шпекулира дека кралското семејство со седиште во Калифорнија ќе започне шоу за начин на живот и исхрана на Нетфликс.
ФОТО: Инстаграм