Меган Маркл откри дека имала спонтан абортус: Додека го држев првороденото дете, знаев дека го губам другото

601

Меган Маркл, сопругата на принцот Хари, првпат проговори за тешкиот период во статијата што ја напиша за „Њујорк тајмс“.

„Да се ​​изгуби дете значи да носиш неподнослива тага, која многумина ја доживеале, а за која малкумина зборуваа“, открила Меган во својата приказна.






Спонтаниот абортус го доживеала ова лето, и тоа додека во рацете го држела првиот син Арчи.

„Почувствував остра болка. Се спуштив на подот со него во рацете, потпевнувајќи му приспивна песна за да нè смири двајцата, веселата мелодија беше чист контраст со моето чувство дека нешто не е во ред. Знаев, додека го држев првороденото дете, дека губам другото“, опишала Меган.

„Неколку часа подоцна, лежев во болничкиот кревет, држејќи ја раката на сопругот. Почувствував како дланката му е влажна и му ги бакнав зглобовите на прстите, мокри од нашите солзи. Гледајќи во студените бели ѕидови, ми се залепија очите. Се обидов да замислам како ќе закрепнеме од ова“, напишала војвотката.

Потоа опишала и како се обидела да се држи стабилно во јавноста и се присетила на интервјуто со Том Бредби кога за малку ќе се расплакала пред камерите.

„Ви благодарам на прашањето. Малкумина ме прашале дали сум добро“, одговори таа на прашањето дали е добро.

„Искрено му одговорив, дури и не знаев дека мојот одговор ќе трогне многу други, нови мајки и оние постарите и сите оние кои страдаа во тишина“, се присетила Меган.

 

 

Поврзани содржини