Меган Маркл објави видео за 40. роденден и првпат ја покажа новородената ќерка Лилибет (ФОТО+ВИДЕО)

2,917

Меган Маркл за првпат во своето видео по повод 40-тиот роденден ја покажа својата ќерка Лилибет Дијана Маунтбатен Виндзор.

Во видеото, кое го објави на профилот на Фондацијата Арчевел на Инстаграм, Меган ја ангажирала актерката Мелиса Мекарти за да го промовира својот нов проект 40X40, со којшто сака да им помогне на жените кои ја загубиле работата поради пандемијата.






Додека Меган зборува, камерата ја прикажува масата на војвотката во замокот во Монтесито, Калифорнија, и во таа прилика, во кадарот се најде и фотографијата од новородената ќерка, која досега не ја претставиле на јавноста. На фотографијата во средина, мала рамка од три слики, се наоѓа кралското бебе.

Megan Markl

Во забавното видео за нејзиниот роденден се прикажани и велигденски јајца, нејзиниот лаптоп, копија од детската книга на Меган „Клупата“, кристал за исцелување кој стои на масата, вазна, лускузно ќебе од модната куќа „Ермес“… Таа носела и ѓердан од дизајнерот од Лос Анџелес, Логан Холовел, на кој се со соѕвездијата на Бик во чест на роденденот на Хари и нејзиниот син Арчи и со cosвездието на Близнаци за роденденот на Лилибет.

На самиот крај на видеото се појавува и Хари, кој може да се види низ прозорецот како жонглира во дворот.

Меган покрена глобален проект кој ќе ги охрабри луѓето ширум светот да дадат 40 минути време за да ги поддржат жените да се вратат на своите работни места. Таа замоли активистки, спортистки, уметнички и светски лидерки да се приклучат на акцијата, а некои од нив се Опра Винфри, Адел, Стела Макартни и многу други познати жени.

Меган истакна дека десетици милиони жени ги напуштиле своите работни места во последните две години.

– Верувам дека менторството е еден од начините да им се помогне на жените да ја вратат самодовербата и да ја обноват својата економска сила – рече војвотката.

 

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини