Меган Маркл конечно снимена во јавноста, фотографиите ја потврдија бременоста? ФОТО

974

Откако на средината на април беше снимена во друштво на три години помладиот сопруг, принцот Хари, во Лос Анџелес развезувајќи храна за потребите за време на пандемијата на коронавирусот, Меган Маркл (38), не се појавила во јавноста. Токму заради ова, многу медиуми објавија дека војвотката, во својот дом ја крие втората бременост, а тие гласини сега, дополнително ги разгорија нејзините први фотографии во јавноста по речиси три месеци.

Имено, младата брачна двојка е снимена во Беверли Хилс, каде што Меган имала, сè уште непознат, состанок. Сепак, внимание привлекол изборот на облеката на војвотката, односно широкиот фустан под кој не може да се види дали таа го крие трудничкиот стомак или не.






Иако носеле заштитни маски и шешири, а Меган дополнително се обидела да се скрие носејќи и очила за сонце, папараците, кои верно ги следат со месеци, успеале да ги фотографираат. Фотографиите кои набрзо го обиколија светот, дополнително предизвикаа шпекулации дека нивниот едногодишен син Арчи наскоро ќе стане постар брат, исто како што, според пишувањата на странските медиуми, и самата Меган неодамна им открила во доверба на блиските пријатели.

 

 

 

View this post on Instagram

 

Meghan and Harry spotted in Beverly Hills 😍 @meghanmarkle_official

A post shared by Meghan Markle 🔵 (@meghanmarkle_official) on

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини