„Одбегнатата“ членка на британското кралско семејство, Меган Маркл, ретко се појавува во јавноста откако се пресели во Америка со принцот Хари и нивниот син Арчи, но таа сè почесто држи инспиративни говори на теми за кои претходно не можеше толку слободно да зборува.
Бидејќи не ѝ беше дозволено да се плетка во политика ниту да зборува за феминизмот за време на нејзиниот живот на британскиот двор, а камоли да се вклучи во организации како Обединетите нации, Меган сега очигледно дошла на своето и ужива да држи мотивациони говори и со нив да пренесува важни пораки. За овој важен настан, таа облекла кралско-син фустан со откриени раменици и ја пуштила слободно нејзината долга, црна коса.
Војвотката од Сасекс со големо задоволство ја прифатила поканата да учествува на мотивациска конференција за млади жени. Таа се појави на виртуелната сцена како еден од официјалните говорници, заедно со Мишел Обама, Хилари Клинтон и една од нејзините најдобри пријателки, актерката Пријанка Чопра Џонас.
„Сите оние што се во позиција на моќ, од владеењето на правото до светските лидери – сите овие луѓе зависат од вас повеќе отколку што некогаш ќе зависите од нив. И запомнете, тие го знаат тоа многу добро! ’, Меган Маркл ги охрабри младите преку нејзиниот страствен говор, а потоа рече дека клучот за успехот е секогаш во сочувството, а не насилството. „Сочувството не значи дека не треба да чувствуваме лутина и огорченост кога ќе видиме остра неправда околу нас – секако дека треба. Но, ве предизвикувам да го проширите тоа чувство. Далај Лама рече: „Сочувството е радикализам на нашето време“, рече 38-годишната Меган, меѓу другото.