Меган Маркл имала афера со овој актер? Сега се огласи и тој ФОТО

1,670

Британскиот пејач, текстописец и актер, 32-годишниот Макс Џорџ, одлучи конечно да проговори за наводната афера којашто ја имал со поранешната актерка, 39-годишната војвотка од Сасекс, Меган Маркл. Имено, иако Макс во моментов е во среќна врска со ријалити sвездата Стејси Гигс, минатата година во медиумите започнаа да кружат информации дека Макс и Меган имале афера откако сопругата на принцот Хари се развела од првиот сопруг, филмскиот продуцент Тревор Енгелс. За да се стави крај на гласините, Макс сега ја раскажа својата страна на приказната.

– Не знам од каде тоа потекнува. Читав нешто за време на викендот, но исто така прочитав и дека таа барала Англичанец. Не знам зошто ѝ го прават ова сега. Од мојата страна немаше ништо – рекол поранешниот член на групата „The Wanted“ за време на гостувањето во утринската програма. Исто така, Макс ги демантирал и гласините дека Меган му испраќала пораки во периодот кога барала момче Британец.






За потсетување, Меган му стави крај на првиот брак со филмски продуцент во 2013 година, по две години заеднички живот. Поранешната актерка во тоа време наводно по секоја цена сакала нејзиното следно момче да биде Британец, па преку заеднички пријатели заминала на „слеп“ состанок со британскиот принц Хари, кој е три години помлад од неа. Двојката наскоро и официјално ја потврди својата врска, а во 2018 година ја крунисаа со брак. Во мај лани се роди нивното прво дете, синот Арчи Харисон, со кого живеат во Америка од мај оваа година.

 

 

View this post on Instagram

 

Ready for week 2 of rehearsals. However, this tan ain’t ready to wash off yet! Any tips?🤨🟠

A post shared by Max George (@maxgeorge) on

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини