МЕГАН МАРКЛ ГИНЕ ВО СООБРАЌАЈКА КАКО ЛЕЈДИ ДИ Сцена од филмот „Бегство од палатата“ која го прикажува кошмарот на принцот Хари (ВИДЕО)

Бизарни сцени од новиот контроверзен филм ја возбудија Британија и најверојатно поворно ќе го потресат кралското семејство.

2,097

Во понеделникот на 6 септември беше објавен трејлерот за новиот контроверзен телевизиски филм „Бегство од палатата“, кој, судејќи според виденото, повторно ќе го доведе британското кралско семејство во центарот на вниманието, но не на позитивен начин. Филмот ја раскажува приказната за принцот Хари и за неговата сопруга Меган Маркл и за напуштањето на кралското семејство за да го заштитат малиот син Арчи.

Актерката Сидни Мортон го отелотвори ликот на Меган Маркл, која во еден момент загинува во сообраќајна несреќа. Сцената на нејзината смрт многу потсетува на трагичната смрт на Лејди Ди. Превртениот автомобил во кој е Меган е опкружен со многубројни фотографи. Принцот Хари во сцената која прикажува сообраќајна несреќа очајно поминува низ толпата луѓе пред да ја отвори вратата на автомобилот. Меган го моли да ѝ помогне по што се разбира дека несреќата е навистина само негов кошмар.






Сцената на сообраќајната несреќа во филмот предизвика бурни реакции кај британската и светската јавност.

Принцот Вилијам во филмот е прикажан како негативец. Помладиот брат Хари му замерува што не зборува за расизмот со кој неговата сопруга се соочила во нивното семејство.

Заплетот на филмот опишува зошто Меган и Хари одлучиле да го напуштат кралското семејство и да заминат во САД. Гледачите ќе можат низ сцените да видат како се смени односот меѓу браќата и како се чувствува тензијата помеѓу Меган Маркл и Кејт Мидлтон.

 

Поврзани содржини