📽 МЕГАН МАРКЛ ГИ ВООДУШЕВИ СТЈУАРДЕСИТЕ СО ПОРАКА ВО ТЕКОТ НА ЛЕТОТ „Војвотката е уште поубава во живо“
Во текот на неодамнешниот лет на „Американ ерлајнс“, Меган го воодушевила екипажот со својата љубезност и лична порака што ја напиша на парче хартија.
Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, повеќе не патува со приватни авиони – откако таа и принцот Хари ги напуштија своите кралски должности и се преселија во Калифорнија, тие користат комерцијални летови. Во текот на неодамнешниот лет на „Американ ерлајнс“, Меган го воодушевила екипажот со својата љубезност и лична порака што ја напишала на парче хартија.
Стјуардесата Нина Вида раскажала дека не можела да го скрие своето воодушевување кога сфатила дека Меган се наоѓа на нејзиниот лет. Таа додала дека војвотката е „уште поубава во живо“ и ја опишала како „слатка и љубезна“. Како знак на внимание, стјуардесите ѝ предале марамче со порака во која ѝ се заблагодаруваат што имаат можност да ѝ служат и ѝ порачале дека ја обожаваат, потпишувајќи се како „Девојки од ‘Американ ерлајнс’“.
@ninavidavlogs No picture but I love a hand written note 💖👑 #flightattendant #meghanmarkle #fyp #travel ♬ original sound – NinaVida | travel diaries
На нивно изненадување, Меган наскоро возвратила на гестот – на ново марамче оставила рачно напишана порака: „Драги девојки од ‘Американ ерлајнс’, ви благодарам за вашата љубов, гостопримство и рачно напишаната порака. Ме познавате многу добро. Ви ја испраќам целата можна љубов, вашата Мег“, им порачала Меган.
Стјуардесата исто така открила и дека Меган го забележала и го пофалила нејзиниот маникир.
Инаку, Меган е позната по својата љубов кон рачно напишаните пораки – еднаш таа посветила објави за тоа на нејзиниот поранешен блог за животен стил, The Tig.
„Многу е посебно кога некој ќе одвои време и труд да земе пенкало и хартија и да ви напише порака“, напишала таа во тоа време.