📷 МЕГАН МАРКЛ ГИ ПОКАЖА АРЧИ И ЛИЛИБЕТ ВО ГРАДИНАТА Војвотката, сепак, им ги крие лицата на своите деца

На фотографиите се гледа како Арчи и Лилибет берат цвеќиња што Меган ги одгледала во градината, при што војвотката внимавала лицата на децата да останат скриени.

3,037

Меган Маркл (43) сподели нови фотографии од своите деца, на кои се прикажани семејни моменти од нивниот дом во Монтесито. Војвотката од Сасекс во неделата објави на Инстаграм преслатки фотографии од  син принцот Арчи (5) и ќерката принцезата Лилибет (3), кои поминувале време во дворот на нивниот луксузен дом во Калифорнија, вреден 14 милиони долари.

На фотографиите се гледа како Арчи и Лилибет берат цвеќиња што Меган ги одгледала во градината, при што војвотката внимавала лицата на децата да останат скриени.






„Една од оние недели… со моите мали души“, напишала Меган покрај фотографиите, кои ги споделила со своите 2,8 милиони следбеници.

На една од фотографиите, Меган се смее додека бере розова роза за својата ќерка, облечена во розово. Арчи, од своја страна, гордо покажува бледо розова роза што ја набрал самиот, држејќи ја пред своето лице. Синот на Меган и принцот Хари носел темно сина кошула со долги ракави и црни панталони.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meghan, Duchess of Sussex (@meghan)


Да потсетиме, принцот Хари наводно „не е премногу среќен“ што неговата сопруга Меган Маркл ги користи нивните деца за промоција на нејзиниот нов бренд „As Ever“.

Кралскиот уредник на британскиот „Сан“, Мет Вилкинсон, тврди дека војводата и војвотката од Сасекс не се усогласени кога станува збор за објавување фотографии од нивните деца, принцот Арчи (5) и принцезата Лилибет (3), на социјалните мрежи.

„Колку што сум упатен, Хари претпочита нивните деца да останат подалеку од очите на јавноста до одредена возраст“, ​​рекол Вилкинсон во петокот во поткастот „A Right Royal“. „Тој не сака да ги фотографираат. Тој знае дека, штом ќе ги изнесе од Монтесито, еден куп фотографи го демнат за да ги фотографираат неговите деца.“

 

Поврзани содржини