Меган Маркл ќе објави книга инспирирана од принцот Хари и Арчи ФОТО
Меган Маркл следниот месец ќе објави книга за деца под наслов „Клупа“ (The Bench) за односот помеѓу татко и син, базирана на нејзиниот сопруг принцот Хари и нивниот син, принцот Арчи, објави во вторникот издавачот.
Книгата е најнов потфат на Меган и Хари, откако тие се повлекоа од кралските должности и се преселија во Лос Анџелес минатата година со Арчи, кој ќе го прослави својот втор роденден оваа недела.
Илустрирана од уметникот Кристијан Робинсон, „Клупа“ ќе биде објавена на 8 јуни, а Меган ќе раскажува верзија за аудиокнига, соопшти издавачот Random House Children’s Books.
Во книгата е претставена разнолика група татковци и синови и нивните заеднички моменти, се наведува во соопштението преку кое е најавена книгата. „Клупа“ настанала од песна која Меган ја напишала за Хари за нивниот прв Ден на таткоро по раѓањето на Арчи.
„„Клупата“започна како песна што ја напишав за мојот сопруг на Денот на таткото, еден месец по раѓањето на Арчи. Таа песна се претвори во оваа приказна. Се надевам дека оваа книга ќе одекне во секое семејство, исто како и во моето“, изјави војвотката од Сасекс.