Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, во синоќешното интервју со водителката Опра Винфри, проговорила и за нејзината однос со Кејт Мидтлтон и солзите на венчавката.
Таа се осврнала и на гласините за наводната расправија со Кејт и приказните дека ја расплакала сопругата на принцот Вилијам на денот на кралската венчавка. Меган вели дека тоа не е точно, дека во солзи, всушност, била таа, а не Кејт.
– Се случи обратно. Тоа беше тежок ден. Неколку дена пред венчавката, таа беше вознемирена од нешто што се однесуваше на фустаните за девојчињата што носат цвеќе. Тоа ме расплака, навистина ме повреди – изјавила Меган и додала дека Кејт отпосле лично ѝ се извинила, а таа го прифатила извинувањето.
„Мислам дека не е фер кон неа да влегувам во деталите за тоа, затоа што се извини“, рекла Меган и додала дека Кејт е добра личност.
– Најтешкиот дел беше тоа што бев јавно обвинета за нешто што не сум го направила, туку, всушност, тоа мене ми се случи. Сите во Институцијата го знаеја тоа – рекла таа. „Тогаш, зошто никој не рекол ништо? – ја праша Опра. „Добро прашање“, додала Меган.
ФОТО: Јутјуб