Меган Маркл ја доби првата улога, „Дизни“ го објави видеото ВИДЕО

567

Првата работа на војвотката од Сасекс по „Мегзит“ конечно е објавена, а тоа е новиот документарен филм на „Дизни“ – „Слон“ (Elephant). Гласините се покажаа дека се вистинити па Меган Маркл ќе го позајми својот глас на новиот филм „Слон“, пишува британски „Мирор“.

Меган ќе биде наратор во новиот документарец.






„Дизни нејчр“ ја објави веста на својот профил на Твитер. „„Слонот ”на „Дизни“, оригиналниот филм за кој гласот го позајми Меган, војвотката од Сасекс, ќе почне да се емитува на 3 април, само на „Дизни Плус“, напишале тие.

Ова е и последна недела за Меган и Хари како членови на кралското семејство.

Од 1 април двојката официјално ќе го почне својот живот надвор од кралското семејство. Во моментот се наоѓаат во Канада каде се преселија претходно, а двајцата се во самоизолација поради пандемијата на коронавирусот.

Поврзани содржини