Меган кај Опра: Арчи ја нема титулата на принц, бидејќи се плашеа колку ќе биде темна неговата кожа!
Една од најшокантните изјави во интервјуто се однесуваше на „неколку разговори“, наводно, воведени во рамките на кралското семејство, а кои се однесувале на шпекулациите за тоа колку ќе биде „темно“ бебето на Меган и Хари, односно малиот принц Арчи.
За време на интервјуто емитувано на каналот Си-би-ес, Меган Маркл изјави и дека членовите на кралското семејство се „подготвени да лажат“ за да се бранат себе, но не биле подготвени да ги бранат неа и Хари. Во истовреме, Маркл додава дека луѓето во кралското семејство се разликуваат од „луѓето што ја водат таа Институција“, односно – администрацијата на кралското семејство.
– Кралицата секогаш се однесуваше прекрасно кон мене – нагласи Маркл.
За време на нејзината прва бременост, како што вели Маркл, „претставници на кралското семејство биле загрижени за бојата на кожата на детето“. Таа била шокирана од гласините дека тој нема да стане принц и затоа нема да добие соодвеетна заштита.
– Ти месеци, додека бев бремена, имаше и загриженост и разговори поврзани за тоа колку темна ќе биде бојата на кожата на бебето кога ќе се роди.
Меган додала и дека на Арчи му е ускратена титулата и 24-часовното обезбедување, но и дека кон него не се однесувале како кон другите деца во кралското семејство.
– Тие не сакаа (бебето) да биде принц или принцеза. Не знаеја од каков пол ќе биде детето. Тоа беше вон протоколот. Додека бев бремена, тие сакаа да ги променат и традициите поради Арчи – објаснува поранешната актерка.
Кралското семејство, вели таа, не сакало да му даде титула и заштита на нејзиниот син поради „грижите и зборувањата за тоа – колку може да му биде темна кожата“ кога ќе се роди бебето.
И Меган и Хари одбиле да споделат кој член на кралското семејство бил особено загрижен за тоа.
– Тоа би било многу опасно за нив – рече Маркл во интервјото.