Меган инсистира нејзината биографија да се објави што побрзо поради вистината која светот сѐ уште не ја знае
Меган Маркл сака биографијата за нејзиниот и животот на принцот Хари да биде објавена што е можно побрзо, затоа што таа верува дека книгата ќе влијае на јавноста за да разбере зошто решиле да го напуштат кралското семејство, и дека тоа ќе им го расчисти идниот пат, истакнал неименуван извор близок на парот. за британскиот „Дејли меjл“.
„Пронаоѓање на слободата: Хари и Меган и создавањето на модерно кралско семејство“, биографијата напишана од страна на новинарот Омид Скуби и Керолин Дуранд, би требало да биде објавена на 11 август 2020 година.
Меѓутоа, 38-годишната Маркл сака да ги забрза работите.
– Да може, Меган би ја објавила книгата уште утре, а не за три месеци. Таа смета дека книгата ќе стане бестселер и луѓето конечно ќе сфатат зошто тие немале друг избор освен да го напуштат кралскиот живот – изјавил пријател близок до Меган.
Таа сака да ги поттикне читателите да сфатат дека нејзиниот живот не е бајка, да видат „каква личност е, всушност, таа“ и да ја „разбие сликата на дива со многу барања која ја опкружува“, додал изворот.
– Меган верува дека книгата ќе ѝ овозможи чист почеток на неа и Хари. Луѓето конечно ќе сфатат низ што поминувала и дека сето тоа било далеку од магично. Сака луѓето да видат колку е ранлива и што сè претрпела кога влегла во кралското семејство – заклучил нејзиниот пријател.