Меган и Хари заработија нови милиони, сега им ветија на Швеѓаните да снимаат подкасти, но никој не знае што
Војводата и војвотката од Сасекс најавија повеќегодишно партнерство со стриминг компанијата Спотифај за време на кое тие ќе проидуцираат и водат серија на подкасти кои носат „различни перспективи и гласови“, пишува „Гардијан“.
Овој потег уследи по склучувањето на повеќемилионскиот договорот со „Нетфликс“ за продукција на документарни и играни филмови.
Најновиот деловен потфат на брачната двојка ќе го вклучува „Арчевел аудио“, нивната новоформирана, првенствено аудио, продукциска куќа, во ексклузивно партнерство со Спотифај и ќе произведува „програми што ја креваат и забавуваат публиката ширум светот“, соопшти шведскиот дигитален сервис.
– Она што го сакаме кај подкастите е тоа што тие нè потсетуваат да одвоиме момент и навистина да слушаме, да се поврземе едни со други без пречење. Со предизвиците во 2020 година, никогаш не било поважно време за тоа, затоа што кога ќе се слушнеме и ќе ги слушнеме приказните на едни со други, се потсетуваме на тоа колку сите сме меѓусебно поврзани. – рекле Меган и Хари.
„Војводата и војвотката од Сасекс ќе носат соговорници и ќе произведува подкасти, „кои ја градат заедницата преку заеднички искуства, наративи и вредности“, порача Спотифај.
Подоцна овој месец, „Арчевел аудио“, во партнерство со студиото „Гимлет“ на Спотифај, ќе објави празничен специјал кој што ќе биде домаќин на кралската двојка и ќе содржи „приказни за надеж и сочувство од инспирирани гости во текот на новогодишните празници“.
– Војводата и војвотката од Сасекс можеби живеат во Калифорнија, но силата на нивните гласови зависи од нивниот статус на граѓани на светот. Дека тие ја прифаќаат извонредната способност на подкастите на Спотифај, истовремено настојувајќи да ги засилат недоволно застапените гласови, е доказ за нивната благодарност кон потенцијалниот аудио раскажувањата – рекла главната раководителка на Спотифај за содржината и рекламирање Доун Остроф.