Принцот Хари (35) и Меган Маркл (38) откако отстапија од кралските должности се занимаваат со разни активности. „Дејли мејл“ пишува дека тие сега волонтирале во една пекарница во Лос Анџелес.
Нивната идеја произлегла откако сфатиле дека можат да заработат милион фунти ако соработуваат со елитната агенција со која се во контакт и Барак (58) и Мишел (56) Обама.
Двојката сподели фотографии од пекарницата. Тие помогнаа во подготовката на храна за работниците и дознаа повеќе за самата програма на организацијата. А, на инстаграм-профилот на пекарницата, вработените им се заблагодарија.
FOTO: Instagram
FOTO: THE DUKE AND DUCHESS OF SUSSEX/REUTERS/PIXSELL/REUTERS/PIXSELL