Меган и Хари објавија фотографија од вториот роденден на Арчи, покрај неа имаат една молба ФОТО

2,604
Војводата и војвотката од Сасекс објавија фотографија на која нивниот син Арчи го слави својот втор роденден.

На фотографијата направена во четвртокот, Арчи е сликан одзади како држи роденденски балони во дворот.

Фотографијата е објавена на нивната веб-страница „Арчевел“, заедно со молбата за донации на Фондот за вакцинација ковид-19 во сиромашните земји.

Кралицата и другите членови на кралското семејство испратија пораки за роденден.

Во пораката објавена на твитер-профилот на кралското семејство пишува:

„Му посакувам среќен втор роденден на Арчи Маунтбатен Виндзор“.

Заедно со оваа порака, беше објавена и фотографија од војводата и војвотката од Сасекс со неговиот син неколку дена по неговото раѓање.

Арчи живее во Калифорнија со неговите родители – принцот Хари и Меган Маркл – кои се повлекоа од кралските должности минатата година.

Малата Арчи доби и други честитки од членовите на кралското семејство.

На Твитер роденден му честитаа неговиот дедо, принцот Чарлс и Камила Паркер,војвотката од Корнвол, како и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.






 


ФОТО: Твитер/Инстаграм

Поврзани содржини