Меган и Хари не сакаат да имаат повеќе деца, а за тоа се наградени со 695 долари

889

Британска добротворна организација која се залага за промовирање помали семејства за да помогнат во зачувувањето на животната средина им ја додели наградата на принцот Хари и Меган Маркл за нивната одлука да имаат само две деца.

„Population Matters“ ќе ја награди двојката којашто минатиот месец доби уште едно дете, со износ од 695 долари, за нивната „просветлена одлука“ да имаат мало семејство и затоа што тие служат како пример за другите, пренесуваат медиумите.






„Основањето помали семејства го намалува нашето влијание врз Земјата и им дава поголема шанса на сите наши деца, на нивните деца и на идните генерации да процветаат на здрава планета. Ние ги пофалуваме војводата и војвотката што ја донесоа оваа просветлена одлука и што потврдија дека и помалите семејства се среќни семејства“, се вели во соопштението на добротворната организација.

Двојката за британскиот „Вог“ во 2019 година изјави дека планираат најмногу две деца со цел да го намалат своето влијание врз животната средина. Минатиот месец тие добија уште едно дете, ќерката Лилибет Дијана. Нивниот син Арчи е роден во 2019 година.

 

Поврзани содржини