Меган и Хари изгубиле 200.000 следбеници на Инстаграм поради оваа причина

607

Војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл, изгубиле повеќе од 200.000 следбеници на својот официјален инстаграм-профил откако се откажаа од кралските должности, пренесува „Дејли мејл“.

Следбениците ги загубиле главно поради неактивноста, со оглед на тоа дека по откажувањето од титулите повеќе не можеа да објавуваат содржини на службениот профил на војводата и војвотката.






Кон крајот на март службениот инстаграм-профил на Вилијам и Кејт собрал 11,4 милиони следбеници и ги престигнал за само 100.000 следбеници Хари и Меган. Тоа е првпат такво нешто да се случи, и покрај тоа што Вилијам и Кејт се многу подолго активни од Хари и Меган.

Бројот на следбеници на профилот на Хари и Меган во меѓувреме паднал на 11,1 милион следбеници.

Хари и Меган се повлекоа од центарот на вниманието и почнаа да градат приватен живот. Се фокусираа на хуманитарната работа и покренаа своја фондација, а во моментот со синот Арчи живеат во Холивуд, во куќата на актерот Тајлер Пери.

Поврзани содржини