Меган и Хари го пронајдоа својот дом од соништата за 18 милиони долари, Опра Винфри им помогнала ФОТО

1,448

Принцот Хари (35) и Меган Маркл (38) го пронајдоа својот дом од соништата во Лос Анџелес, каде се преселија по кратката авантура во Канада по заминувањето од британското кралско семејство. Тие станаа финансиски независни, но нивните апетити не спласнаа.

Британскиот „Сан“ пишува дека нивниот нов дом во Беверли Хилс е луксузна поранешна вила на актерот и комичар Тајлер Пери (50), вредна 18 милиони долари.






Како што објави „Варајети“,  луксузната вила во тоскански стил, со над 2.300 квадратни метри, има осум спални соби, дури 12 бањи, огромен двор и базен и се наоѓа во елитниот дел од населбата, која само по себе е на висок глас и е наменета исклучиво за милионери и големи холивудски sвезди.

Меган и Хари ќе имаат силно обезбедување, што ќе го сочинуваат човечки тим и врвен безбедносен систем.

Двојката никогаш не била видена во друштво на Тајлер Пери, но британските медиуми тврдат дека во сѐ им помогнала заедничката добра пријателка, водителката Опра Винфри (66).

Од преселбата во сончевата Калифорнија, Меган и Хари не се појавуваат често во јавноста. Тие беа „фатени“ неодамна на снимките од надзорната камера објавени од „Дејли мејл“, во нивната мисија тогаш им доставуваа пакети со храна и помош на загрозените. Иако тогаш, некое време се движеле во друштво на телохранителите, подоцна отишле сами во становите на социјално загрозените, на старите и неподвижните лица на кои им треба помош.

Двојката имаше уште една причина да слави во средата, 6 мај, кога го прославија првиот роденден на малиот Арчи. Првото дете на парот е седмо по ред за наследување на кралскиот престол, по принцот Хари и неговите братучеди – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, дедото – принцот Чарлс и чичкото – принцот Вилијам.

 

 

Luksuzna vila ima osam spavaćih soba, čak dvanaest kupatila te se nalazi u elitnom dijelu četvrti koja je sama po sebi na visokom glasu te namijenjena isključivo milionerima i velikim holivudskim zvijezdama - Avaz, Dnevni avaz, avaz.ba

Поврзани содржини