Војводата и војвотката со Сасекс, Хари и Меган постигнале договор со стриминг гигантот „Нетфликс“ за производство на различни серии и програми, а во некои од нив би се појавиле и тие двајца, пренесува Би-би-си.
Новиот договор на принцот Хари и Меган Маркл со „Нетфликс“ за обезбедување „надеж и инспирација“ може да вреди дури 150 милиони долари, велат упатените во индустријата, пишува „Дејли мејл“.
– Нашиот фокус ќе биде креирање содржини кои информираат, но и нудат надеж. Како нови родители, правењето инспиративни семејни програми е многу важно за нас – навеле Меган и Хари.
Содржината, која ќе ја снимаaт војводата и војвотката од Сасекс, ќе биде ексклузивна за „Нетфликс“, кој има 193 милиони претплатници ширум светот. Иако Хари и Меган можеа да се најдат и пред камерите во документарните филмови и програми, поранешната актерка јасно ставила до знаење дека нема да се врати на актерството.
Војводата и војвотката од Сасекс, кои неодамна купија замок од 14 милиони долари во Санта Барбара, зачекорија во Холивуд откако во март ги отфрлија кралските должности.
Двојката основаше сѐ уште неименувана продукциска куќа која ќе снима документарни филмови, играни филмови, сценарија и програми за деца, пишува „Њујорк тајмс“.
ФОТО: Инстаграм