Меган и Хари ја купиле куќата на Мел Гибсон за 15 милиони долари? ФОТО

1,481

Принцот Хари (35) и Меган Маркл (38) ја купиле куќата на славниот актер и режисерот Мел Гибсон (64) за 15 милиони долари во Малибу, пренесува „Дејли мејл“. Куќата има пет спални соби и два базени, а парот се распрашувал за неа веднаш откако се преселиле во Ванкувер.

Во сега избришаната објава на Инстаграм, локалната агентка за недвижнини во Лос Анџелес, Андреа Пилот, минатата недела напишала: „Голема вест е дека принцот Хари и Меган го купуваат домот на Мел Гибсон“.






Од компанијата која продава недвижнини не потврдиле дека парот ја купил куќата, но извор за странските медиуми изјавил дека куќата е продадена.

– Тоа е многу убава куќа, па можеби тие само отишле да ја погледнат и ја купиле. Тие имаат целосна приватност таму, и нема ништо слично на пазарот – рекол изворот.

Да потсетиме, Хари и Меган во јануари објавија дека се повлекуваат од кралските должности па се преселија во Ванкувер. Тие и официјално отстапија на крајот на март и се преселија од Ванкувер во Лос Анџелес, родниот град на Меган, каде живее и нејзината мајка Дорија Рагланд (63).

Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА.

Поврзани содржини