Сопругата на британскиот принц Хари, Меган Маркл, во четвртокот го прекршила протоколот за немешање во политиката на членовите на британското кралско семејство и повикала на „промени“ на претстојните претседателски избори во САД, пишува „Индекс.хр“.
Меган тоа го кажа на еден виртуелен лежерен собир за пријавување на гласање кое го организирала групата „Кога сите гласаме“ (When We All Vote), чиј ко-претседател е поранешната американска прва дама Мишел Обама и актерот Том Хенкс, со желба да ја зголемат излезноста на изборите.
– Сите знаеме кој е влогот оваа година. Јас тоа го знам и мислам дека и сите вие тоа сигурно го знаете – рече Маркл. „Сите сте мобилизирани и полни со енергија за промените што ни се на сите потребни и ги заслужуваме“.
– Гласаме за да им оддадеме почит на оние пред нас и да ги заштитиме оние што ќе дојдат по нас – затоа што тоа е она што ја сочинува заедницата и тоа е она за што станува збор на овие избори – рекла таа.
Меган не го спомнала изрично претседателот Доналд Трамп, кој на 3 ноември ќе се соочи со демократот Џо Бајден на изборите.
Војводата и војвотката од Сасекс оваа година ги напуштија британските кралски должности и се преселија во Калифорнија.