Актерката Меган Фокс пред неколку месеци реши да стави крај на бракот со актерот Брајан Остин Грин. Убавата актерка сега е во врска со раперот Машин Ган Кели, а двајцата не ја кријат својата љубов. Нејзиниот поранешен сопруг во неколку наврати на суптилен начин се обиде да ја прикаже Меган како неодговорна мајка, но по објавувањето на последната фотографија на неговиот профил, актерката реши да го прекине молчењето.
Мега овој пат јавно му се обрати на Брајан, упатувајќи му на Инстаграм долга, бесна порака.
Брајан објавил фотографија со нивниот четиригодишен син Џурни на која двајцата се маскирани за празникот „Ноќ на вештерките“. На Мегановој потег не ѝ се допаднал, па решила да не го крие својот бес.
„Зошто Џурни мора да биде на оваа фотографија? Не е тешко децата да се „исечат“ од фотографијата или да се избере некоја на која не се децата. И јас одлично се забавував со нив за „Ноќта на вештерките“, па ќе видиш дека ги нема на мојот профил. Знам дека ги сакаш своите деца, но не разбирам зошто не можеш да престанеш да ги објавуваш на Инстаграм. Толку си опиен со создавање приказни дека сум мајка која ја нема во приказната и дека ти си посветениот татко на годината. Кај тебе се половина од времето. Честитам, ти си прекрасна личност! Зошто ти е потребен одговор од јавноста кога доволно е да видиш дека твоите деца те сакаат?“, напишала Меган, но набрзо коментарот бил избришан.
По коментарот, Брајан ја отстранил таа фотографија од Инстаграм, па ставил нова на која е само тој, без децата.
ФОТО: Инстаграм