Со месеци се шпекулира дека Меган Фокс е во врска со раперот Машин Ган Кели, а сега тоа го потврди и официјално.
Американската актерка и манекенка Меган Фокс (34) конечно ја потврди врската со раперот и актер Ричард Колсон Бејкер (30) попознат како Машин Ган Кели.
Сексапилната актерка во понеделникот е фотографирана додека со раперот излегувала од барот „Furley’s“ во Лос Анџелес.
Вљубениот пар прво е фотографиран додека се држеле за раце и оделе кон автомобилот, а потоа се бакнале и отишле во непознат правец.
Парот ги игнорирал луѓето околу себе, како и мерките кои се сѐ уште на сила во Калифорнија, па не носеле заштитни маски за лице кои се задолжителни при напуштање на домот.
Кели како вистински џентлмен ѝ ја отворил вратата од својот кадилак, за да може Меган полесно да влезе, а потоа се бакнале.
Сето ова се случило откако актерот Брајан Остин Грин (46), со кој Меган сѐ уште официјално е во брак, е фотографиран со старлетата Кортни Стоден (25) два дена порано.
Брајан и Меган се разделија за време на пандемијата, после 10 години брак, а заедно имаат три сина Ноа (7), Боди (6) и Џурни (3).
Шпекулациите дека Меган и Кели стапиле во врска откако раперот објави видео спот за песната со име „Bloody Valentine“, во кој Меган ја има главната улога.