Меган Фокс проговори за сексуалното вознемирување од режисер: Бев осмо одделение ВИДЕО

2,608

Меган Фокс (34) пред 11 години, во 2009., гостувала во емисијата на комичарот Џими Кимел (52), а видеото деновиве стана повторно актуелно на интернет и ги налути корисниците на социјалните мрежи и активистите за човекови права.

Во интервјуто, Меган зборувала за сексуалното вознемирување што го доживеала кога имала 15 години. Филмот во кој тогаш глумела го режирал Мајкл Беј (55).






– Штотуку навршив 15 години и играв споредна улога во филмот „Лоши момчиња“. Тие снимаа сцена во клубот и ме донесоа, а јас носев бикини, црвен каубојски шешир и високи потпетици. Беј го одобри тоа, а тие го предупредуваа дека сум малолетна и дека не смеам да пијам алкохол. Неговото решение за тој проблем беше да танцувам под водопадот и да ми се намокри бикинито – раскажала тогаш Меган.

Кимел тогаш на тоа дури ѝ дал и несоодветен коментар, шегувајќи се на сметка на сексуалноста на тинејџерките.

Интервјуто предизвикало згрозување на јавноста затоа што водителот и публиката наместо да ѝ пружат поддршка, ги исмевале нејзините зборови.

Кога публиката почнала да се смее, Меган додала:

„Tогаш бев во осмо одделение. Ете како размислува умот на Мајкл Беј.“

„Па, така сите размислуваме, само некои од нас знаат како да ги потиснат тие мисли – рекол тогаш Кимел, а многумина ја критикуваа изјавата и ја нарекоа „дно“.

 

 

Поврзани содржини