📷 МЕГАН ФОКС Е БРЕМЕНА СО ЧЕТВРТО ДЕТЕ 38-годишната актерка со објавата расплака многумина

Таа долго време ја криеше убавата вест од јавноста, иако шпекулациите почнаа уште порано.

826

Актерката Меган Фокс (38) потврди дека е бремена, по шпекулациите кои започнаа кон крајот на јули.

Таа го очекува своето прво дете со раперот Машин Ган Кели, со кој ја раскина свршувачката на крајот на март, но на љубовта и дадоа уште една шанса, а трудничкиот стомак го покажа на социјалните мрежи.






„Никогаш ништо не е навистина изгубено. Добредојде назад“, напиша Меган покрај фотографиите. На едната фотографија позира гола и е покриена со црна боја, а на другата покажува позитивен тест за бременост. Претходно Меган откри дека имала спонтан абортус.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)


Ова е нејзината прва фотографија на мрежите по долго време, откако претходно ги избриша сите фотографии. Сега е јасно зошто.

Откако објави дека е бремена, од сите страни пристигнуваат честитки и поддршка до убавата актерка.

Инаку, Меган има три деца, Ноа, Боди и Џорни, со поранешниот сопруг Брајан Остин Грин, актерот познат по улогата во хит серијата „Беверли Хилс“, но малкумина знаат дека Машин Кели има и ќерка.

Инаку, актерката Меган Фокс и раперот Машин Ган Кели започнаа врска на почетокот на 2020 година, а се свршија во јануари 2022. Од самиот почеток привлекоа големо внимание со своето ексцентрично однесување.

 

Поврзани содржини