МЕГА ШОУ НА ВЛАТКО ЛОЗАНОВСКИ „Километри љубов“ на 7 март во арената „Борис Трајковски“

52

Влатко Лозаноски најавува незаборавна вечер исполнета со љубов, емоции и врвна музика за 7 март. Концертот „Километри љубов“ ветува да биде едно од највпечатливите музички случувања на годината – спектакл подготвен од огромен тим со многу страст и посветеност.

– Работиме нешто навистина многу посебно и многу ново за мене – концерт што ќе спои топ звук, врвен стејџ, движење, емоции. Ќе има танчери, гости, изненадувања и песни кои ќе ги слушнете во сосема ново издание. Ја замислуваме вечерта како претстава, како еден целосно спакуван спектакл. Искрено, многу сум возбуден, правиме нешто што се случува многу ретко – вели Лозано за концертот во арената „Борис Трајковски“.






Картите за настанот се веќе во продажба. Промотивни понуди за истите веќе можат да се најдат на сајтот на Купи карта: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5714

 

Поврзани содржини