Светски познатата манекенка Хајди Клум објави провокативна фотографија со која ја поддржа својата земја на Европското првенство.
Оваа 48-годишната суперaѕвезда објави фотографија во дресот на Германија неколку часа пред натпреварот меѓу тој национален тим и Франција на континенталниот турнир.
Меѓутоа, Хајди не облекла каков било, туку ултракраток дрес кој ги покажа нејзините голи гради.
„Среќно вечерва“, напишала покрај објавата Клум и за кратко време го достигна шестоцифрениот број лајкови, но ги „запали“ и другите социјални мрежи, особено Твитер каде луѓето пишуваат дека ја зачувале фотографијата во случај манекенката да се предомисли и ја отстрани.
Иако се прослави во Америка, а го има и нивното државјанство, Хајди Клум е родена во Германија во 1973 година во Бергиш Гладбах.
Хајди е мајка на четири деца, а позната е и по тоа дека обожава да објавува фотографии на кое е делумно или целосно гола.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм