МЕДВЕДЕВ СО НОВИ ЗАСТРАШУВАЧКИ ЗАКАНИ „Украина може да исчезне од картата на светот“

Медведев нагласи дека „украинските криминалци дефинитивно ќе бидат кривично гонети за злосторствата извршени врз народот на Украина и Русија, пренесе ТАСС.

1,141

Украина како земја би можела да исчезне од светската мапа поради актуелниот тек на настаните, напиша на „Телеграм“ заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

Тој истакна дека по државниот удар во 2014-та година, Украина ја загуби независноста, падна под директна контрола на колективниот Запад и почна да верува дека НАТО ќе ја гарантира нејзината безбедност.






– Како резултат на сите актуелни настани, Украина може да го изгуби она што остана од нејзиниот државен суверенитет и да исчезне од светската мапа – предупреди Медведев.

Медведев нагласи дека „украинските криминалци дефинитивно ќе бидат кривично гонети за злосторствата извршени врз народот на Украина и Русија, пренесе ТАСС.

Поврзани содржини