МЕДВЕДЕВ МУ СМИСЛИ ПРЕКАР НА МАКРОН Францускиот претседател си игра со оган

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го исмеа тврдењето на претседателот на Франција, Емануел Макрон, дека Франција има најефикасна војска во Европа, сугерирајќи дека тој можеби ќе сака да го стави тоа тврдење на тест.

2,259

Руските власти и пратеници го критикуваа претседателот на Франција, Емануел Макрон, зашто рече дека Русија ѝ се заканува на Европа, предупредувајќи дека таквите изјави може да го доближат Западот до нова светска војна, објави француски РФИ.

Во обраќањето до нацијата во средата, Макрон рече дека Русија е закана за Франција и за Европа, дека војната во Украина е веќе глобален конфликт и дека е отворен за разговори за проширување на францускиот нуклеарен чадор за сојузниците во Европа.






– Таквата погрешна пресметка води до фатални грешки. Макрон манијакално им наметнува на своите граѓани, сојузници и на целиот свет сосема погрешен концепт за тоа што се случува – „Русите доаѓаат!“ Ваквите лажни заклучоци и лажни сугестии водат кон амбис – рече влијателениот руски пратеник Константин Косачев.

Медведев му смисли прекар на францускиот претседател

Поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев, кој никогаш не бегал од каустични забелешки – со потсмев го нарече Макрон „Микрон“ и го предвиде неговиот политички пад до 2027 година.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го исмеа тврдењето на Макрон дека Франција има најефикасна војска во Европа, сугерирајќи дека тој можеби ќе сака да го стави тоа тврдење на тест.

Русија и САД се убедливо најголемите нуклеарни сили во светот, секоја од нив поседува над 5.000 нуклеарни боеви глави. Кина е трета со околу 500, потоа Франција со 290 и Обединетото Кралство со 225, според Федерацијата на американските научници.

Нуклеарната реторика на Макрон е закана

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, во средата изјави дека Русија ја смета нуклеарната реторика на Макрон за закана.

– Се разбира, ова е закана за Русија. Тој свикува состанок на началниците на генералштабовите на европските земји и Велика Британија тврдејќи дека е неопходно да се користи нуклеарно оружје подготвувајќи се за употреба на нуклеарно оружје против Русија, ова е, се разбира, закан –, рече Лавров на прес-конференција, објави АЛ 24 њуз.

Тој, исто така, ја нарече „нејасна“ изјавата на Макрон за неприфатливоста на капитулацијата на Украина.

Лавров изјави и дека испраќањето европски мировни сили во Украина е продолжување на заканата на режимот во Киев за војна против Русија.

– Овој план за испраќање мировници во Украина е продолжување на заканата на режимот во Киев за војна против нас – рече Лавров во интервју за весникот на руското Министерство за одбрана „Краснаја звезда“.

Руската инвазија на Украина доведе до најголемиот конфликт меѓу Западот и Русија по кубанската ракетна криза во 1962 година, при што Кремљ и Белата куќа предупредуваа на погрешни чекори кои би можеле да предизвикаат Трета светска војна.

Но, по напредувањето на руските сили во Украина во 2024 година, одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, да ја смени американската политика кон Украина и кон Русија и неговото барање за мировен договор предизвика криза меѓу европските сили кои стравуваат дека САД ѝ го вртат грбот на Европа.

Поврзани содржини