МЕДВЕДЕВ ГО СПОРЕДИ МЕРЦ СО ГЕБЕЛС „Знаеме како заврши пропагандата“

Сè уште не сте на власт, а веќе лажете како Гебелс. Нацистичка Германија вака нè напаѓаше од 1941-1945 година. Знаеме како заврши. Лош почеток, Фриц!, напиша заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев.

364

Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев денеска оцени дека идниот германски канцелар Фридрих Мерц „лаже како некогашниот нацистички министер за пропаганда Јозеф Гебелс кога ја обвинува Русија дека води војна во Европа“.

„Идниот канцелар Мерц ја обвинува Русија дека води војна во Европа и ја таргетира Германија со подметнување пожари, нарачани убиства и дезинформации. Сè уште не сте на власт, а веќе лажете како Гебелс. Нацистичка Германија вака нè напаѓаше од 1941-1945 година. Знаеме како заврши. Лош почеток, Фриц!“, напиша Медведев.

Поврзани содржини