МЕДВЕДЕВ Е ПЕТТИОТ ИГРАЧ ШТО ГО ПОБЕДИ ЃОКОВИЌ Русинот првпат со трофеј на Гренд слем

Во мечот којшто траеше 2 часа и 17 минути, победникот сервираше 16 аса, Ѓоковиќ шест, Медведев имаше девет двојни грешки наспроти три на српскиот тенисер. Во брејк-гемови беше 4:1 за Медведев.

334

Рускиот тенисер Данил Медведев синоќа го победи Србинот Новак Ѓоковиќ во финалето на УС Опен со резултат 6:4, 6:4 и 6:4.

Дваесет и петгодишниот Русин стана петтиот играч што го победи Ѓоковиќ во едно Гренд слем финале.






За Медведев ова е четврта титула во 2021 година и 13-та АТП титула во неговата кариера. Тој, исто така, за првпат освои трофеј на еден Гренд слем турнир.

Ѓоковиќ не успеа да направи календарски Гренд слем. Србинот оваа година ги освои Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон, но се „сопна“ во последниот меч во Њујорк.

Во мечот којшто траеше 2 часа и 17 минути, победникот сервираше 16 аса, Ѓоковиќ шест, Медведев имаше девет двојни грешки наспроти три на српскиот тенисер. Во брејк-гемови беше 4:1 за Медведев.

Поврзани содржини