ОЛБРАЈТ Ѝ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА МАКЕДОНИЈА Се надева дека и други ќе спасат животи

САД работат да ги евакуираат лицата под особен ризик од Талибанците и благодарна сум на Албанија, Канада, Косово и Северна Македонија кои понудија засолниште на нашите авганистански сојузници, особено жени и деца на лидерите на цивилното општество. Се надевам дека овој пример ќе го следат и други - напиша Олбрајт на „Твитер“.

1,631

Поранешната државна секретарка на САД Медлин Олбрајт денеска им се заблагодари на Албанија, Канада, Косово и Северна Македонија кои се согласиле да им дадат засолниште на нивните сојузници од Авганистан, особено на жени и деца на лидерите на цивилното општество.

– Мора да се фокусираме на спасување животи во Авганистан. САД работат да ги евакуираат лицата под особен ризик од Талибанците и благодарна сум на Албанија, Канада, Косово и Северна Македонија кои понудија засолниште на нашите авганистански сојузници, особено жени и деца на лидерите на цивилното општество. Се надевам дека овој пример ќе го следат и други – напиша Олбрајт на „Твитер“.

Поврзани содржини