МЕДИУМСКИТЕ ИНФОРМАТИВНИ АГЕНЦИИ СЕ ВКЛУЧИЈА ВО СИНДИКАЛНАТА БОРБА Нов член на ССМ

Поради потребата од заштита на работниците во Медиумски информативни агенции, ССМ заедно со Синдикатот на Медиумски Информативни Агенции секогаш ќе стојат во одбрана на работнички права на новинарите и вработените во медиумите.

180

Синдикатот на медиумски информативни агенции (СМИА) е нов член на Сојузот на синдикати на Македонија. Барањето е едногласно прифатено од страна на Претседателството и Советот на ССМ како највисоки тела.

– ССМ како единствен репрезентативен синдикат во јавниот сектор и во приватниот сектор секогаш застанува во одбрана на работниците и своите ставови ги искажува јавно и транспарентно и се залага и бори за сите работници во сите сектори вклучително и во секторот на Медиумските информативни агенции што е препознаено и од Синдикатот на Медиумски Информативни Агенции – СМИА. Поради потребата од заштита на работниците во Медиумски информативни агенции, ССМ заедно со Синдикатот на Медиумски Информативни Агенции – СМИА секогаш ќе стојат во одбрана на работнички права на новинарите и вработените во медиумите, а работниците слободно ќе можат да ги искажат своите ставови и заедно со СМИА и ССМ да ги остварат своите права – посочуваат од ССМ.






Членови на СМИА можат да бидат лица вработени во дејностите од медиумскиот сектор и други дејности, а СМИА е доброволна и независна организација која се бори за остварување, унапредување и заштита на економските, социјалните, работно-правните, професионалните и другите права и интереси на своето членство.

Поврзани содржини