МЕДИУМСКИ „МРАК“ ВО СРБИЈА, Н1 И НОВА ПРОТЕСТИРААТ Опозицијата во парламентот извади црни листови, ќе има ли петта фреквенција?
Останува дилемата дали се работи за протест за таргетирањето на новинарите и уредниците на овие две телевизии, секојдневните прозивки од врвот на власта преку режимските медиуми или се работи за протест поради одлуката на РЕМ едноставно да го игнорира законскиот рок за доделување на петтата национална фрекввенција, на која аплицираа овие две телевизии.
Пратениците од опозицијата во српското Собрание на денешната седница ги поддржаа телевизиите Н1 и Нова С со тоа што станаа и држеа црни листови со натпис: „Темнина во Србија без слободни медиуми”, јави дописникот на МИА од Белград.
Од утринава во Србија не се емитува програма на телевизиите Нова С и Н1, а гледачите наидуваат само на црн екран на кој пишуваше: Темнина во Србија без слободни медиуми, без да дадат никакво дополнително објаснување.
На порталот „Нова С” само пишува дека телевизиите „Нова С” и „Н1″, кои работат во рамките на „Јунајтед медиа”, од 6 декември на полноќ наместо редовната програма емитуваат телоп со натпис: Темнина во Србија без слободни медиуми.
На социјалните мрежи на овие две телевизии исто така нема ништо за причините за прекин на програмата. Вработените во овие две медиумски куќи не сакаат да даваат изјави.
Poslanici dela opozicije u Skupštini Srbije podržali su na današnjoj sednici televizije N1 i Nova S, tako što su ustali i podigli crne papire sa natpisom: “Mrak u Srbiji bez slobodnih medija”. pic.twitter.com/6I9FGM3GmU
— TV N1 Beograd (@N1infoBG) December 6, 2022
Останува дилемата дали се работи за протест за таргетирањето на новинарите и уредниците на овие две телевизии, секојдневните прозивки од врвот на власта преку режимските медиуми или се работи за протест поради одлуката на РЕМ едноставно да го игнорира законскиот рок за доделување на петтата национална фрекввенција, на која аплицираа овие две телевизии.
Директорката на РЕМ, Оливера Зекиќ, изјави неодамна дека според Законот за управна постапка, нема рок за решавање на предметот за доделување на петтата дозвола за телевизиска фреквенција со национално покривање.
Советот на РЕМ на 10 август објави јавен тендер за издавање на една лиценца за емитување телевизиска програма низ Србија, три дозволи за емитување од Авала, како и за 12 лиценци за радио емитување на подрачјето на град Белград, пишува порталот Н1. Кандидати за петтата фреквенција со национална покриеност се: Нова С, Коперникус, Курир и БК. На претходниот конкурс лиценци за фреквенции со национално покривање за период од осум години беа доделени на телевизиите Пинк, Хепи, Прва и Б92.
Засега не е познато до кога овие две телевизии нема да ја емитуваат програмата.