Медиумски мрак почнува в недела, кабелските оператори ќе ги гасат програмите
За ваквата одлука веќе се информирани сите релевантни домашни институции и сите меѓународни организации и амбасади, но одговор нема. Операторите велат дека едноставно биле приморани да почнат со времени прекини во реемитувањето.
Од недела, кабелските оператори во земјава ќе почнат со времени прекини на емитувањето на домашните и странските телевизиски канали, со исклучок на Македонската радиотелевизија (МРТВ).
Операторите тврдат дека протестот е поради неодржливата правна рамка и неприменливите, неодржливи и спротивни на ЕУ директивите измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААВМУ), што беа донесени од Собранието во февруари годинава.
За ваквата одлука веќе се информирани сите релевантни домашни институции и сите меѓународни организации и амбасади, но одговор нема. Операторите велат дека едноставно биле приморани да почнат со времени прекини во реемитувањето.
„Принудени сме да започнеме со времени прекини во реемитувањето на телевизиските програми во знак на протест поради неодржливоста на сегашната правна рамка и наметнатите неуставни обврски. За време на прекините на екранот ќе ја испишеме причината за ова, со цел да ги запознаеме нашите корисници и општата јавност со она што ги очекува на почетокот на август оваа година како резултат на донесената Уредба“, се вели во писмото што го испратиле опeраторите.