Недостигот на заштитна опрема за медицинскиот персонал во болница на Менхетн е толку голем, така што лекарите и медицинските сестри почнале да носат ќеси за отпадок како заштитна опрема.
Неверојатна фотографија започна да кружи на социјалните мрежи – три медицински сестри во болницата Маунт Синај Вест позираат во ходник во њујоршката болница облечени во големи, црни пластични ќеси за отпадок од кои се направени импровизирани заштитни одела, јави „Њујорк пост“.
Една од нив дури и држи отворена кутија со најлонски ќеси за отпадок кои очигледно ги претвораат во заштитни одела.
Како што пренесуваат американските медиуми, проблемот со залихите во болницата траел веќе една година, а поради епидемијата на ковид-19, медицинскиот персонал веќе започнал да користи сопствен прибор и залихи.
Извори од неколку болници во Њујорк откриваат дека медицинските сестри користат иста заштитна опрема со заразените и незаразените пациенти откако им било кажано дека засега ќе имаат по едно парче заштитна опрема.
Дел од медицинските сестри ги обвинија надлежните дека токму од таа причина еден од нивните колеги починал, наведува порталот „Њујорк пост“.
– Болницата го уби и треба да одговара за тоа – рекла една од медицинските сестри.
FOTO: Printskrin/Tviter