Медицински техничар од Инфективната клиника во Скопје е позитивен на коронавирус
Единствено од семејството медицинскиот техничар, сега детално се разговара и со неговата сопруга за да се анализираат и евентуални дополнителни контакти, приватни како првични контакти од епидемиолошката анкета - рече министерот за здравство Венко Филипче.
На Инфективната клиника во Скопје има еден медицински техничар кој е позитивен на коронавирусот, кој има клиничка слика воспаление на белите дробови.
– Направена е и семејна и помеѓу вработените епидемиолошка анкета и согласно тоа ќе се постапи за да се организира делот на работата во одделението каде што работел во рамките на Клиниката. Единствено од семејството сега детално се разговара и со сопругата за да се анализираат и евентуални дополнителни контакти, приватни како првични контакти од епидемиолошката анкета – рече министерот за здравство Венко Филипче.