Медицинската сестра со проѕирното заштитно одело стана фотомодел (ГАЛЕРИЈА)
Таа има 23 години, била облечна во бикини бидејќи ѝ било многу жешко, а одозгора имала заштитен костим за кој велат дека не знаела дека е проѕирен. За британски Сан таа изјавила дека намерата не и била да привлече внимание.
Медицинската сестра Надежда Жукова од Русија стана светска интернет ѕвезда кога еден од пациентите во болницата каде што работи ја сликал како работи облечена во бикини.
Таа има 23 години, била облечна во бикини бидејќи ѝ било многу жешко, а одозгора имала заштитен костим за кој велат дека не знаела дека е проѕирен. За британски Сан таа изјавила дека намерата не и била да привлече внимание.
Фотографијата од болницата во Тула стана многу брзо вирална, а управата на болницата не беше многу благонаклонета кон медицинската сестра, поради што, пак, Надежда доби голема поддршка од колегите од разни краишта на Русија.
Сега таа повторно стана актуелна. Имено, русокосата Надежда работи како модел за еден бренд спортска облека и за неа повторно пишуваат медиумите.