МЕДИЦИНСКАТА СЕСТРА ОД МАНЧЕСТЕР ОСУДЕНА НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Стана најголем убиец на бебиња во британската историја

Луси Летби (33) беше осудена за убиство на пет момчиња и две девојчиња и обид за убиство на уште шест новороденчиња во болницата во Честер, додека работела на ноќни смени во 2015 и 2016 година.

337

Откако беше прогласена за виновна минатата недела, медицинската сестра Луси Летби, која уби седум бебиња во Велика Британија, денеска е осудена на доживотен затвор, јави Би-Би-Си. Со оваа судска пресуда и потврдувањето на вината,  Летби  стана најголемиот убиец на бебиња во модерната британска историја.

Луси Летби (33) беше осудена за убиство на пет момчиња и две девојчиња и обид за убиство на уште шест новороденчиња во болницата во Честер, додека работела на ноќни смени во 2015 и 2016 година. Додека судијата ја објаснуваше пресудата, дел од родителите и луѓето во судницата плачеа. Летби не дојде на изрекувањето на пресудата.






– Суровоста и пресметаноста на вашите постапки биле навистина ужасни. Бевте фасцинирани од бебињата и нивните семејства, ги баравте на социјалните мрежи. Кај вас е најдено парче хартија со натписи: „Светот е подобар без мене“ и „Јас сум злобна, го направив тоа“ – рече судијата при изрекувањето на пресудата и детално ги образложи сите злодела што ги направила осудената Луси Летби.

МЕДИЦИНСКА СЕСТРА ОД МАНЧЕСТЕР ВИНОВНА ЗА УБИСТВО НА 7 БЕБИЊА Планирала да убие уште 6 новороденчиња

Поврзани содржини