Медицинска сестра во Хрватска вбризга бензин наместо физиолошки раствор на пациент
Медицинската сестра е обвинета за несовесно лекување што довело до смрт на пациентот, соопшти државното обвинителство од Чаковец кое го поднесло обвинението.
Медицинската сестра од болницата во хрватскиот град Чаковец која лани вбризга медицински бензин наместо физиолошки раствор на пациент кој подоцна почина поради тоа може да добие осум години затвор, објавија хрватските медиуми.
Таа е обвинета за несовесно лекување што довело до смрт на пациентот , соопшти државното обвинителство од Чаковец кое го поднесло обвинението.
Медицинска сестра задолжена за грижа за 62-годишен пациент на хемодијализа во просторија за самоизолација на 29 септември 2020 година ненамерно вбризгала бензин наместо физиолошки раствор преку катетер во вратот при исклучување од машината за хемодијализа.
– Бензинот влегол во крвотокот, што довело до труење на организмот и откажување на неколку органи, поради што пациентот, и покрај итните мерки на реанимација и лекарска помош, починал истиот ден – посочуваат од Обвинителството.